ГОЛЕМ ПОЖАР ВО ЕДРИЛИЧАРСКИОТ КЛУБ ВО СТРУГА, ИЗГОРЕА 33 ЕДРИЛИЦИ И 60-ГОДИШНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

    ГОЛЕМ ПОЖАР ВО ЕДРИЛИЧАРСКИОТ КЛУБ ВО СТРУГА, ИЗГОРЕА 33 ЕДРИЛИЦИ И 60-ГОДИШНА ДОКУМЕНТАЦИЈАСпоред првичните информации, изгорени се 33 пловни објeкти, 4 мотори и 60 години документација. (Фото: СДК.МК)

    Голем пожар избувна денес во Струга во бараките каде што е сместен едриличарскиот клуб.

    Според првичните информации, изгорени се 33 пловни објeкти, 4 мотори и 60 години документација. Дел е спасен со брза интервенција на противпожарна единица.

    Интервенирале две противпожарни возила со 13 пожарникари, кои го локализирале пожарот. Предизвикана е голема материјална штета и среќа е што нема повредени граѓани и едриличари.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира