Огромен прокоп со денови стои со булеварот Партизански одреди во Скопје, во Карпош 1 кај порашено „Симпо“. Дупката зафаќа две коловозни ленти и возачите за да ја одминат мора да ја намалат брзината.
Пред прокопот нема никаков знак кој ќе ги предупреди возачите дека на патот има дупка за да бидат внимателни. Голем дел од возачите дупката ја забележуваат кога ќе стигнат до неа па мораат нагло да закочат и многу лесно може да се случи сообраќајна несреќа.
Иако дупката стои со денови и возачите се жалат дека е небезбедна, Град Скопје и ЈП „Улици и патишта“ ги нема да постават знак и нов асфалт .
А. АНТЕВСКА