ГОРАТ БАРАКИТЕ КАДЕ ШТО БЕШЕ СУДОТ ЗА ПРЕКРШОЦИ ВО ГРАДСКИОТ ПАРК ВО СКОПЈЕ

    ГОРАТ БАРАКИТЕ КАДЕ ШТО БЕШЕ СУДОТ ЗА ПРЕКРШОЦИ ВО ГРАДСКИОТ ПАРК ВО СКОПЈЕСо пожарот се зафатени сите бараки, кои сега се празни, но околу нив се наоѓаат други објекти и ресторани и постои опасност и тие да бидат зафатени. (Фото: СДК.МК)

    Пожар попладнево изби во старите бараките каде што се наоѓаше Судот за прекршоци во Градскиот парк во Скопје. Со пожарот се зафатени сите бараки, кои сега се празни, но околу нив се наоѓаат други објекти и ресторани и постои опасност и тие да бидат зафатени.

    Командантот на скопската Пожарна бригада Владимир Симоновски вели дека во моментов, на терен интервенираат пет возила и во секој момент се чека да стигне дополнителна помош за да се стави пожарот под контрола и да не се дозволи да се прошири кон останатите обејкти.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира