ГОРИ БОРОВА ШУМА НАД МАНАСТИРОТ „СВЕТА НЕДЕЛА“ КАЈ ШТИП

    ГОРИ БОРОВА ШУМА НАД МАНАСТИРОТ „СВЕТА НЕДЕЛА“ КАЈ ШТИПЧадот што се шири од опожареното подрачје се гледа и од Штип. (Фото: СДК.МК)

    Околу 19.30 часот вечерва избувна пожар над манастирот „Света Недела“, познат и како Мирјанина црква на патот кон плачковичкото село Шашаварлија, Штипско. Огненаната стихија носена од силниот ветер брзо зафатила еден хектар со борова шума, а во опасност е и манастирот.

    Чадот што се шири од опожареното подрачје се гледа и од Штип. Од Противпожарната единица соопштија дека нивни возила заминале да го гасат пожарот за да се спречи да го зафати и останатиот дел, каде боровата шума во овој крај подигната пред половина век се простира на над 30 хектари.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира