ГОРИ ДЕПОНИЈА НА КЕЈ КАЈ ХОТЕЛОТ „АЛЕКСАНДАР ПАЛАС“

    ГОРИ ДЕПОНИЈА НА КЕЈ КАЈ ХОТЕЛОТ „АЛЕКСАНДАР ПАЛАС“На терен интервенира Бригадата за противпожарна заштита со 4 возила и 11 пожарникари.(Фото: Ѓ.Личовски)

    Запалена е дива депонија на кејот на реката Вардар, кај хотелот „Александар Палас“. На терен интервенира Бригадата за противпожарна заштита со 4 возила и 11 пожарникари.

    Пожарникарите се сомневаат дека пожарот е подметнат. (Фото: СДК.МК)

    „Станува збор за подметнат пожар бидејќи ѓубрето и отпадот се запалени на неколку места. Пожарот е поголем, но под контрола“, велат од Бригадата за противпожарна заштита.

    Градоначалникот на Карпош Стефан Богоев апелираше на внимание за сите кои се движат на овој потег.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира