Гори депонијата во Охрид. Како што информираа од Центарот за управување со кризи, депонијата била запалена синоќа и сѐ уште гори. На терен интервенираат од ЈП „Охридски комуналец”, кои го затрупуваат ѓубрето.
Од Пожарната кажаа дека е опожарен материјал што тешко се гаси, па затоа мора да се затрупува.
„Горат ѓубриштето и дел од кровната конструкција на старото стрелиште. На терен излезегоа две возила и шестмина пожарникари. По 13:45 часот е почнато гаснење со затрупување, дојдени се екипи на ЈП ‘Охридски комуналец‘ и затоа се повлечени луѓето од пожарната“, информираше заменик-командирот на ТППЕ Охрид, Коста Кузмановски.
Чад и мирис се чувствуваат низ градот и охридските плажи.