ГОРИ ОБЈЕКТ НА ЈУЖЕН БУЛЕВАР ВО КИСЕЛА ВОДА БЛИЗУ ДО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ

    ГОРИ ОБЈЕКТ НА ЈУЖЕН БУЛЕВАР ВО КИСЕЛА ВОДА БЛИЗУ ДО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕПожарот e во близина на Пазарната инспекција. (Фото: ДЗС)

    Гори магацин или друг простор на Јужен булевар, во скопската Општина Кисела Вода, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов. Пожарот e во близина на Пазарната инспекција, на еден километар од центарот на Скопје близу до Рампа.

    „Од запалениот објект се слушаа пукотници, најверојатно од електрична енергија. Црниот чад се гледа од далеку“, вели Ангелов, додавајќи дека Бригадата за противпожарна заштита на Скопје почна со гаснење на пожарот.

    На местото на пожарот с еповеќе пртивпожарни коли и едно амбулантно возило, а се сечат и дрвја.

    Мирис на изгорено се чувствува низ цела Кисела Вода.

    Во септември 2022, неколку бараки беа зафатени од пожар во близина на Рампа во центарот на Скопје на територијата на Општина Центар. На новинарското прашање дали можеби пожарот е намерно подметнат за да може на местото на бараките да се гради зграда, градоначалникот Горан Герасимовски тогаш рече дека од такво нешто нема потреба, бидејќи има важечки Детален урбанистички план (ДУП). Неколку месеци подоцна, на местото на изгорените бараки почна да се гради зграда.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира