Пожар вечерва избувна над Клиниката за детски болести во Скопје. Гори шумата на планината Водно, a пожарот се гледаше од центарот на градот. Од Бригадата за притивпожарна заштита велат дека пожарот не е голем и нема опасност од негово ширење.
„Интервенираме со три возила. Во моментов е намален пожарот и ставен под контрола“, вели командантот на скопската Пожарна Владимир Симоновски.
А. АНТЕВСКА