ГОРИ ТРСКАТА МЕЃУ КАЛИШТА И СТРУГА, А ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МЕРКО НЕ РЕАГИРА, ОБВИНУВА ОХРИД СОС

    ГОРИ ТРСКАТА МЕЃУ КАЛИШТА И СТРУГА, А ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МЕРКО НЕ РЕАГИРА, ОБВИНУВА ОХРИД СОСОд „Охрид СОС“ велат дека не реагира ни државниот инспекторат за животна средина, ни другите институции. - Запалената трска (Фото: Фејсбук)

    Трската на потегот од Калишта кон Струга гори веќе неколку дена, а градоначалникот Рамиз Мерко не реагира, обвинија од „Охрид СОС“.

    „Се знае кој е против статусот на светско наследство на охридскиот регион, кој сака целиот брег во Струга да се урбанизира и да се додели на владеење на приватни лица, за остварување профит. Не реагира ни државниот инспекторат за животна средина, ни другите институции. Ако се ова т.н. европски вредности кои ги промовираат засилено тешко нас, тешко животната средина. Од една страна се рефератите кои се составија и доставија до УНЕСКО, но на терен, сосема друга слика. Со ништо не покажувате дека ви е грижа за природното наследство“, соопштија од граѓанската иницијатива „Охрид СОС“.

    Еколозите предлагаат да се запре „криминалот врз појасот трски на Охридското Езеро“ и бараат одговорност од соодветните институции за екоцид.

    Ова не е првпат да гори трската на струшкото крајбрежје. Ова се случува сè почесто, а трската се уништува за да се отворат нови капалишта, што е највидливо на брегот кај Калишта.

    Д. ЧУБРИЌ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира