ГОРИ УНИВЕРЗАЛНА САЛА ВО СКОПЈЕ

    ГОРИ УНИВЕРЗАЛНА САЛА ВО СКОПЈЕСѐ уште нема информации што е причината за пожарот (Фото: СДК.МК)

    Утрово изби пожар во Универзална сала во Скопје, која се реконструира. Црн чад и голем оган се шират низ објектот.

    Универзална сала почна да се реновира пред еден месец, а надлежно за реконструкција е Министерството за култура. Сѐ уште нема информации што е причината за пожарот.

    Од Центарот за управување со кризи потврдија за САКАМДАКАЖАМ.МК дека се запалила куполата на салата и во моментов интервенира Пожарната бригада на Град Скопје.

    Новата купола беше ставена пред 10 дена и тогаш беше најавено дека таа ќе свети ноќе. Градежните работи ги изведува фирмата „Универзал-Балкан“, а проектант е Бујар Муча од „Мегарон инженеринг“.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира