Тетовската полиција уапсила гостиварец кој без дозвола реемитувал телевизиска програма. За програмата која ја реемитувал без дозвола од корисниците наплатувал по 100 евра годишно.
„Полициски службеници на СВР Тетово, вчера околу 13 часот на улица Гоце Делчев во Гостивар го лишиле од слобода 61-годишниот гостиварец Е. Б.. Тој се сомничи дека реемитувал телевизиски канали без потребната лиценца и дека неговите услуги, според досега утврденото, ги користеле 2.800 клиенти кои плаќале по 100 евра годишно. Во деловниот објект во кој работел и на други места биле пронајдени и одземени два компјутери, два рисивери и три мобилни телефони“, соопшти портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според СВР Тетово, гостиварецот бил задржан во полициската станица Гостивар, по целосно документирање на случајот ќе му бидат изготвени соодветни пријави.
З.АНДОНОВ