ГРАД СКОПЈЕ ФАТИ ДИВ ПРИКЛУЧОК НА ВОДА ВО САРАЈ ЗА НАВОДНУВАЊЕ НА ПЛАСТЕНИЦИ

    ГРАД СКОПЈЕ ФАТИ ДИВ ПРИКЛУЧОК НА ВОДА ВО САРАЈ ЗА НАВОДНУВАЊЕ НА ПЛАСТЕНИЦИСтанува збор за лице кое незаконски се приклучило на мрежата за питка вода за да си ги наводнува пластениците на неколку илјади метри квадратни. (Фото: Град Скопје)

    Инспекторатот на Град Скопје денеска фати див приклучок на вода во Општина Сарај. Станува збор за лице кое незаконски се приклучило на мрежата за питка вода за да си ги наводнува пластениците на неколку илјади метри квадратни. Како што информираат од Градот, изготвена е кривична пријава за сторителот.

    „Поради случаи како овој не само што се оштетуваат граѓаните кои се соочени со намален притисок во урбаните и руралните средини и со недостиг на вода, туку и се избегнува плаќање вода од илјадници евра, оштетувајќи го и ЈП ‘Водовод и канализација’“, велат од Град Скопје.

    Согласно системот за мониторинг и мерење на дневната потрошувачка на вода, констатирана е енормно зголемена потрошувачка на вода, особено во попладневните часови. Конкретно во јуни, дневната потрошувачка на водс во одредени денови изнесувала рекордни 356.000 кубни метри, што би значело потрошувачка од 700 литри вода по глава на жител.

    „Ова е предизвикано од трошење на вода без усул за полевање ниви, перење возила и за полнење базени. Со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот и на квалитетот на водоснабдувањето“, велат од Град Скопје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира