ГРАД СКОПЈЕ ГО СТОПИРАШЕ РЕНОВИРАЊЕТО ВО БАРОК НА ТЦЦ ПЛАЗА ОТИ ГРАДИЛИШТЕТО ЈА БЛОКИРА УЛИЦАТА

    ГРАД СКОПЈЕ ГО СТОПИРАШЕ РЕНОВИРАЊЕТО ВО БАРОК НА ТЦЦ ПЛАЗА ОТИ ГРАДИЛИШТЕТО ЈА БЛОКИРА УЛИЦАТАУлицата кај ТЦЦ „Плаза“ со месеци е блокирана од камиони, градежен шут и земја, а уништени се и дел од барокните канделабри кои ги постави ексградоначалникот Коце Трајановски на плоштадот пред зградата на ВМРО-ДПМНЕ.(Фото: Град Скопје)

    Реновирањето во барок на ТЦЦ „Плаза“ е стопирано бидејќи градилиштето е претворено во депонија и ја блокира улицата.

    Комуналните инспектори на Град Скопје неделава издале налог и парична казна за стопирање на три градилишта кои не ги почитувале условите за работа. Покрај ТТЦ „Плаза“ забрана за градење додека не се отстранат неправилностите добиле и објекти на Јужен булевар и во близина на железничката станица. Покрај забраната казнети и со 4.000 евра за непочитување на услови за градба, а 1.000 евра казна добило и одговорното лице.

    Улицата кај ТЦЦ „Плаза“ со месеци е блокирана од камиони, градежен шут и земја, а уништени се и дел од барокните канделабри кои ги постави ексградоначалникот Коце Трајановски на плоштадот пред зградата на ВМРО-ДПМНЕ.

    „Покрај инспекциите на градежните инспектори за овие локации стигнуваа поплаки и од граѓаните посочувајќи ги овие градилишта како необезбедени и несоодветни. Исто така изречени се и казни фрлање градежен шут на три физички лица, две физички лица се казнети за палење оган на отворено, додека во рамките на интензивираната контрола на градилиштата едно приватно лице е казнето поради нечисти возила од градилиште односно неизмиени тркала и поставена церада заради контрола на прашината“, велат од Град Скопје.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира