ГРАД СКОПЈЕ КОНЕЧНО ЈА УРНА ПЕРАЛНАТА СРЕДЕ БУЛЕВАРОТ ТРЕТА МАКЕДОНСКА БРИГАДА

    ГРАД СКОПЈЕ КОНЕЧНО ЈА УРНА ПЕРАЛНАТА СРЕДЕ БУЛЕВАРОТ ТРЕТА МАКЕДОНСКА БРИГАДАОд Град Скопје велат дека по добиениот судски спор за овој проблем кој го наследиле од минатото раководство, денеска конечно е урната пералната.(Фото: Град Скопје)

    Град Скопје денес ја урна пералната која се наоѓаше буквално сред булеварот Трета македонска бригада во Општина Аеродром. Од Градот велат дека по добиениот судски спор за овој проблем кој го наследиле од минатото раководство, денеска конечно е урната пералната.

    „Наскоро ќе почнеме со пробивање и на овој дел од булеварот“, велат од Град Скопје.

    Откако улицата беше проширена во булевар пред 3,5 години, пресечена е со времен објект, автоперална. Ексградоначалникот Коце Трајановски при пуштањето на булеварот кажа дека за објектот имало постапка за експропријација и затоа не можеле да ја урнат пералната, па булеварот во еден дел наместо две има една коловозна лента.

    Поради пресечениот булевар, ова место изминативе години е црна точка во Скопје. Никаде на булеварот нема сообраќајни знаци за предупредување, па во овој дел се случија повеќе сообраќајни несреќи, дури и со жртви.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира