ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ДЕБРЦА НЕ ДАВА ДА СЕ ГРАДИ ДЕПОНИЈА ВО ОПШТИНАТА

    ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ДЕБРЦА НЕ ДАВА ДА СЕ ГРАДИ ДЕПОНИЈА ВО ОПШТИНАТАОд Дебрца велат дека општината е главно и најголемо сливно подрачје на Охридското езеро кое што е под заштита на УНЕСКО и споменик на природата согласно закон. - Градоначалникот на Дебрца Игор Трајковски на денешната прес-конференција (Фото: СДК.МК)

    Градоначалникот на Дебрца Игор Трајковски денес се закани со блокади и протести доколку почне да се гради регионална депонија на просторот на оваа општина.

    „Јас како Градоначалник согласно моите ингеренции ќе направам сè што е во моја надлежност, да не се изгради оваа депонија, а исто така поради очигледниот револт на населението кој беше искажан на Јавната расправа за студијата за оцена на влијанието врз животната средина за изградба на регионална депонија одржана на 18.07.2017 година, во ресторанот ‘Еко Петрол’ во Мешеишта, спремно е да преземе порадикални мерки согласно законите во Република Македонија, како што се блокирање на патишта и протести”, рече Трајковски.

    Од Дебрца велат дека општината е главно и најголемо сливно подрачје на Охридското езеро кое што е под заштита на УНЕСКО и споменик на природата согласно закон.
    „Општина Дебрца претставува еколошки чиста средина без тешка индустрија и од овие причини недозволиво е изградба на регионална депонија, односно изградба на најголема фабрика за загадување на општината. Општина Дебрца е најмал создавач на отпад и недозволиво е ниту од економски, ниту од еколошки аспект да биде место за изградба на централна депонија”, порачаа од локалната власт во Дебрца”, со напомена дека никој од Дебрца не дал позитивно мислење за депонијата.

    Во рамките на проектот за изградба ма интегриран систем за управување со цврст отпад во Југозападниот плански регион кој ќе се реализира со средства од ИПА- фондовите, предвидено е регионалната депонија да се изгради во општина Дебарца, во реонот на селото Годивје. Планирано е да биде ставена во употреба до 2020 година,со тоа што во овој регион ќе бидат затворени стотина диви депонии, меѓу кои е и струшката.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира