ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА НОВО СЕЛО ПРИЗНА ДЕКА СЕ ОБИДЕЛ ДА ШВЕРЦУВА ЦИГАРИ И ДОБИ КАЗНА ЗАТВОР ОД 18 МЕСЕЦИ

    ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА НОВО СЕЛО ПРИЗНА ДЕКА СЕ ОБИДЕЛ ДА ШВЕРЦУВА ЦИГАРИ И ДОБИ КАЗНА ЗАТВОР ОД 18 МЕСЕЦИУкинат е притворот на градоначалникот Боро Стојчев кој од утре повторно се враќа на функцијата сè до правосилноста на одлуката. - Градоначалникот Боро Стојчев (Фото: СДК.МК)

    Година и шест месеци казна затвор доби градоначалникот на Ново село Боро Стојчев откако пред две недели беше фатен на македонско бугарската граница како превезува 33 илјади кутии цигари од марката „Калипсо“ во вредност од 3 милиони и 200 илјади денари. Неговите син и внук добија казна затвор од година дена, додека сопругата заради здравствени причини доби условна казна.

    Вака пресуди судијата Цона Каламерникова од струмичкиот суд на денешната главна расправа пред која Јавното обвинителство го измени обвинението. Место за кривично дело занимавање со криумчарење, обвинетите ги товареше за кривично дело обид за пренесување на непријавена стока. Сите тие денеска ја признале вината и имаат право на жалба до апелација единствено за висината на казните.

    Паралелно укинат е и притворот на градоначалникот Боро Стојчев кој од утре повторно се враќа на функцијата сè до правосилноста на одлуката. Јавното обвинителство за ова мерка најави жалба до апелација.

    Градоначалникот Боро Стојчев на 10 јули на локалитетот Попова Чука беше фатен како превезува цигари од марката „Калипсо“. Тој заедно со синот, сопругата, внукот во две теренски возила пренесуваа 33 илјади кутии цигари додека петото лице било набљудувач и денеска заработи казна затвор од 8 месеци.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира