ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ПРОБИШТИП ПОЗИТИВЕН НА КОВИД-19, ШЕСТМИНА ОД КАБИНЕТОТ ВО САМОИЗОЛАЦИЈА

    ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ПРОБИШТИП ПОЗИТИВЕН НА КОВИД-19, ШЕСТМИНА ОД КАБИНЕТОТ ВО САМОИЗОЛАЦИЈАГрадоначалникот Драган Анастасов од завчера е позитивен на ковид-19, а во Општина Пробиштип во моментов се активни 81 случај. (Фото:  Општина Пробиштип)

    Градоначалникот на Пробиштип Драган Анастасов е позитивен на ковид-19 и веќе неколку дена е во домашна изолација. Здравствената состојба Анастасов сам ја објави на неговиот фејсбук профил, по што шест негови колеги од кабинетот од вчера се во самоизолација. Тој вели дека ги почитувал сите протоколи, но не знае како и од каде се заразил.

    По градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев, пробиштипскиот градоначалник Анастасов (33) е вториот најмлад градоначалник во Македонија.

    Вчера во Пробиштип се регистрирани 14 новозаболени, а оздравени се четворица. Во Општина Пробиштип досега со ковид-19 биле 228 лица од кои активни се 81.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира