ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА РАДОВИШ ГО ПОНИШТИ ТЕНДЕРОТ ЗА НАБАВКА НА ФИГАРА ЗА 8 МАРТ

    ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА РАДОВИШ ГО ПОНИШТИ ТЕНДЕРОТ ЗА НАБАВКА НА ФИГАРА ЗА 8 МАРТГрадоначалникот Герасим Конзулов денеска беше недостапен да одговори зошто била распишан тендер за набавка на фигара за коса подароци за 8 Март и зошто само еден ден по објавата тендерот е поништен.(Фото: Фејсбук/Општина Радовиш)

    Градоначалникот на Радовиш Герасим Конзулов го поништи тендерот за набавка на фигара за коса, кои планираше да ги дава како подароци на 8 Март.

    Откако вчера Општина Радовиш распиша тендер за набавка на 45 фигара, за кои беше предвидено да се потрошат 700 евра од општинскиот буџет, денес на сајтот на Бирото за јавни набавки набавката е поништена.

    „Поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на државниот орган и поради тоа јавната набавка се поништува“, стои во образложението на Бирото за јавни набавки.

    Градоначалникот Герасим Конзулов денеска беше недостапен да одговори зошто била распишан тендер за набавка на фигара за коса подароци за 8 Март и зошто само еден ден по објавата тендерот е поништен.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира