ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СКОПЈЕ ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ ПОЗИТИВЕН НА КОВИД-19

    ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СКОПЈЕ ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ ПОЗИТИВЕН НА КОВИД-19Искрено се надевам дека вирусот го немам пренесено никому; - Петре Шилегов на Плоштадот Македонија во Скопје. (Фото: СДК.МК)

    Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов е позитивен на КОВИД-19.

    Тој за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави дека откако вчера имал покачена температура, се тестирал и денеска ги добил резултатите дека е позитивен.

    „И покрај сите мерки кои што се превземаа од моја страна за моја лична и заштита на луѓето околу мене, сепак не успеав да се себезаштитам од КОВИД-19. Искрено се надевам дека вирусот го немам пренесено никому. Клиничката слика е добра, со благо покачена телесна температура и без потреба од хоспитализирање. Ова е доказ дека вирусот не смее да се потцени и дека мора секој од нас да внимава“, вели Шилегов.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира