ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СКОПЈЕ ПРАВЕШЕ УВИД НА КЛОЗЕТИ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СКОПЈЕ ПРАВЕШЕ УВИД НА КЛОЗЕТИ

    Градоначаникот на Скопје, Коце Трајановски денес вршеше увид во градежните работи за обнова на клозетите во средното школо „Цветан Димов“. Тој ги провери чучавците, кои се откорнати и лавабоата – корита во клозетите, а влезе и во училниците кои се прилагодуваат на потребите на медицинската струка во школото.
    „Во ’Цветан Димов’ се реконструираат санитарните јазли и се санираат дефекти на фекалната канализација. Комплетно ќе се реновираат фекалната канализација и санитарните јазли на приземјето и на првиот кат на училиштето“, изјави градоначалникот Трајановски.
    Тој кажа дека во тек се градежни активности и реновирање во 16 средни школи, за што Градот одвоил 22.326.063 денари.
    Ова е втор увид неделава на градоначалникот Трајановски. Тој во средата направи увид во поставувањето централен систем за греење и за ладење во концертната сала на  Младинскиот културен центар.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира