ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ВЕЛЕС КОЦЕВСКИ ЈА СОПРЕ ИЗГРАДБАТА НА ПОКРИЕНИОТ ПАЗАР И КРУЖНИОТ ТЕК

    ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ВЕЛЕС КОЦЕВСКИ ЈА СОПРЕ ИЗГРАДБАТА НА ПОКРИЕНИОТ ПАЗАР И КРУЖНИОТ ТЕКЗа покриениот градскиот пазар е најавена нова постапка, додека кружниот тек е со неизвесна иднина.(Фото:СДК.МК)

    Двата големи проекти кои претходната општинска власт на Велес ги започна пред  изборите, новата ги сопре. Изградба на покриен градски пазар и кружен тек кај  поранешниот расторан „Панини“ засега нема да се градат. За покриениот  градскиот  пазар е најавена нова постапка, додека кружниот тек е со неизвесна иднина.

    „Со фирмата ‘Изгрев’ е постигнат договор за градежни активности на покриениот  пазар-прва фаза и договорот за изградба на кружен тек, да бидат раскинати а активности да бидат запрени. Првиот договор е со вредност од 10,3 милиони а вториот од 1,7 милини денари. Фирмата се согласи да ја врати првобитната состојба на тротоарот кај ‘Панини’. За кружниот тек нема соодветна документација за негова изградба и затоа се вратени бехатон коцките. За покриениот пазар ќе ја почнеме постапката од почеток, преку јавно –приватно партнерство. За сообраќајот во градот, ќе побарам дополна на сообраќајното решение“, најави градоначалникот Аце Коцевски.

    На прашањето  како планира да гради  со јавно-приватно партнерство, кога во претходната постапка на повикот никој не се јави, Коцевски рече дека имало заинтересиран инвеститор.

    Коцевски најави и ревизија на изградбата на водоводот до Бузалково.

    „Ќе побарам да се раскине договорот за изградба на  водоводот од Раштани до Бузалково во висина од 11,7 милиони денари.Не може да се гради водовод во овие места оти прво водата треба да се донесе од Велес до Раштани, куќа се гради од темел не од кров. Парите за овој водоводен систем  се обезбедени од меѓународната заедница и ќе ги градиме. За надвозникот кај Башино село, нема сообраќајна согласност а темелникот не е на место каде треба да биде, поставен е без геометри“, рече Коцевски.

    П. ПЕЧКОВ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира