ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ВРАПЧИШТЕ ОД АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ ОСОМНИЧЕН ДЕКА ПРИ НЕЗАВРШЕН ТЕНДЕР ЗА АСФАЛТИРАЊЕ ДАЛ 192.000 ЕВРА НА ФИРМА ПО НЕГОВ ИЗБОР

    ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ВРАПЧИШТЕ ОД АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ ОСОМНИЧЕН ДЕКА ПРИ НЕЗАВРШЕН ТЕНДЕР ЗА АСФАЛТИРАЊЕ ДАЛ 192.000 ЕВРА НА ФИРМА ПО НЕГОВ ИЗБОРПријавата од Финансова полиција е поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување. (Фото: СДК.МК)

    Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Гостивар поднела кривична пријава против градоначалникот на Општина Врапчиште Исен Шабани, зашто без да дочека избор на најповолна понуда на распишан тендер, ги дал предвидените 192.000 евра на фирма на која што тој сметал дека треба да добие за да асфалтира пат.

    Пријавата од Финансова полиција е поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

    „Пријавениот И. Ш. во текот на 2025 година ги пречекорил границите на своето службено овластување и постапил спротивно на член 157 став 1 од Законот за јавни набавки (Службен весник на Р. Македонија бр. 24/2019 од 01.02.2019 година), на начин што склучил Договор за набавка на работи – Реконструкција на локален пат во Добридол од центар на селото до вкрстување со сервисниот пат покрај државниот пат А2 делница Тетово-Гостивар бр. 0507-219/17 од 03.04.2025 година со избраниот економски оператор без да ја дочека конечната одлука по поднесена жалба од Државна комисија за жалби по јавни набавки, согласно која одлуката за избор била поништена. И покрај ваквата одлука од страна на Државната комисија за жалби по јавни набавки, пријавениот извршил плаќање по однос на склучениот договор на правното лице во вкупен износ од 11.848.675 денари, со кои дејствија му овозможил на правното лице да се стекне со противправна имотна корист за наведениот износ“, соопшти Управата за финансиска полиција.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира