ГРАДСКИОТ И ТАКСИ ПРЕВОЗ ВО ВЕЛЕС СО НОВИ ЦЕНИ, ОД СОВЕТОТ ВЕЛАТ ДЕКА СЕ ПОКАЧЕНИ БЕЗ НЕГОВА ОДЛУКА

    ГРАДСКИОТ И ТАКСИ ПРЕВОЗ ВО ВЕЛЕС СО НОВИ ЦЕНИ, ОД СОВЕТОТ ВЕЛАТ ДЕКА СЕ ПОКАЧЕНИ БЕЗ НЕГОВА ОДЛУКАОД Советот велат дека тој е единствениот кој носи одлука за цените на превозот (Фото: СДК.МК)

    Врз која законска основа е покачена цената на градскиот и такси превоз во Велес и имаат ли превозниците одобрување од надлежните општински власти, беше прашањето кое советникот од СДСМ, Марјан Николов, го упати до градоначалникот Марко Колев на последната седница на Советот. Тој потсети дека Советот е единствениот кој донесува одлука за цените на превозот.

    „Одлука за измена, покачување на цената која ја донесува Советот нема. Досега не дошло некое барање до нас советниците, ниту за такси превозот, ниту за градскиот. Дали ќе реагирате кај превозниците што не ја почитувале процедурата, ако веќе има економска оправданост и кои постапки ќе ги преземете што не се почитува редот“, кажа Николов.

    Колев немаше прецизен одговор што ќе преземат градските власти што без нивно одобрение се покачени цените на градскиот и такси превоз.

    „Доставени се три барања за нови цени до локалната власт. Потребно е да се најде договор за да не бидат оштетени и граѓаните, корисниците на тие услуги“, рече Колев.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира