ГРЧКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ ГО БЛОКИРАА И ДОЈРАНИ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Дојран,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ГРЧКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ ГО БЛОКИРАА И ДОЈРАНИ

    Грчките земјоделци го блокираа и граничниот премин Дојрани. До 14 часот овој граничен премин е затворен за секаков вид сообракај, откако  стотици земјоделци со механизација го блокираа патот  Дојрани-Солун кај местото „Харисо“ во непосредна близина на граничниот премин.

    Од граничниот премин Дојран ја потврдија веста дека од грчка страна е блокиран патот при што моторните возила кои излегуваат од  земјава се заглавуваат пред грчката граница.

    Блокадата на главниот пат до граничниот премин Дојрани е предупредувачки, јавуваат грчките медиуми, кои повикувајќи се на извори од грчкиот синдикат на земјоделци можно е да биде блокиран и железничкиот сообракај кај Идомени

    Евзони веќе 12 дена е затворен заради протестите на грчките земјоделци кои бараат намалување на даноците и придонесите за социјална заштита. (В.Т.)

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира