ЃУБРЕ РАСФРЛАНО НА ЧЕШМАТА КАЈ ДРУГОВО, ГО ПРЕСКОКНУВААТ ЗА ДА НАПОЛНАТ ВОДА

    ЃУБРЕ РАСФРЛАНО НА ЧЕШМАТА КАЈ ДРУГОВО, ГО ПРЕСКОКНУВААТ ЗА ДА НАПОЛНАТ ВОДАЃубрето е расфрлано пред чешмата на која кичевчани и оние кои патуваат накај Охрид застануваат да си наполнат вода. (Фото: СДК.МК)

    Купишта расфрлано ѓубре има на патот од Кичево кон Охрид, околу 5 километри по Кичево, во близина на Другово. Ѓубрето е расфрлано пред чешмата на која кичевчани и оние кои патуваат накај Охрид застануваат да си наполнат вода.

    По Стража, на ова место најмногу одмараат оние кои патуваат за Охрид. Кичевчани велат дека на оваа чешма има најчиста и најстудена вода и многумина полнат и за домашна употреба.

    Од ѓубрето, сега до чешмата е потешко да се дојде па луѓето го прескокнуваат ѓубрето за да наполнат вода.

    М. ЏАРОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира