ХИДРОСИСТЕМИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ЗАСТАРУВААТ, А СО ДЕЦЕНИИ НЕ Е ВЛОЖУВАНО ВО НИВ, ВЕЛАТ ЕКСПЕРТИТЕ И ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ

    ХИДРОСИСТЕМИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ЗАСТАРУВААТ, А СО ДЕЦЕНИИ НЕ Е ВЛОЖУВАНО ВО НИВ, ВЕЛАТ ЕКСПЕРТИТЕ И ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕОдржување скоро и да нема, единствено ако се случи некоја хаварија, како на „Макарија“ (Фото: СДК.МК)

    Хидросистемите во Македонија стареат и во последните 30 години во нив ништо не е вложено. Земјоделците велат дека со години плаќаат надоместок, но ништо од тие средства не се користи за инвестирање. Одржување скоро и да нема, единствено ако се случи некоја хаварија, како на „Макарија“, тогаш се бара итно решение. Проблемите во системите за наводнување влијаат врз обезбедувањето вода за земјоделските култури и родот, реагираат земјоделците и овоштарите.

    Влегуваме во период кога објектите од овие хидросистеми застаруваат, изградени се пред 50-60 години и нема вложувања во нив. Сериозно треба да се посветиме на водостопанството. Тоа тоне од формирањето на државата. За поправка на вакви дефекти, како на ‘Макарија‘, мора самите водостопанства да имаат сопствени средства, а не Владата да им плаќа. Тоа е поради цената на водата, без оглед колку им се допаѓало ова на земјоделците“, кажа проф. д-р. Петко Пеливановски од Градежниот факултет од Скопје.

    Наспроти реакциите на стручната јавност дека хидромелиоративните системи се запоставени и стари, од Владата велат дека државата вложува значајни средства за обезбедување инфраструктура за наводнување на земјоделските површини. Премиерот Ковачевски вели дека има сериозни инвестиции во брани и модерни системи. Тој признава дека системот „Макарија“ е оставен на забот на времето откако е изграден пред 55 години.

    Работиме на неколку капитални инвестиции, како браната Коњско, инвестиција од 40 милиони евра, чија изградба почна пред три и пол години и завршува годинава. Ова е најголемиот капитален проект за водоснабдување во државата во последните 50 години и втор најголем кога било изграден. Годинава завршува и изградбата на хидросистемот ‘Равен-Речица‘ и продолжува изградбата на брана на Оризарска Река“, вели Ковачевски.

    Двата најголеми хидросистема во земјава се „Брегалница“ и „Тиквеш“. Кракот од „Тиквеш“ кој води до Росоман и Градско е вон употреба од 27 мај поради голем дефект и 4.000 хектари земјиште се без вода за полевање.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира