ХОЛАНДИЈА СО 80.000 ЕВРА ГО ПОМАГА СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ЗАКОНОТ ЗА ПРОБАЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

    ХОЛАНДИЈА СО 80.000 ЕВРА ГО ПОМАГА СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ЗАКОНОТ ЗА ПРОБАЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈАНа трибината во Штип учествуваше и холандскиот амбасадор во земјава Дирк Јан Коп (Фото: СДК.МК)

    Здружението за истражување, анализа и развој „Зелена лупа“ започна со реализацијата на проектот „Креирање на модел за успешна имплементација на Законот за пробација“, кој стапи на сила во 2016 година. Спроведувањето го помага Холандија со 80.000 евра.

    По тој повод, во Штип со одржа трибина на која учествуваа холандскиот амбасадор во земјава и високи претставници на судската и извршната власт.

    „Преку овој проект се промовира пробацијата како европска вредност, со цел да се заштити општеството од криминал и да се овозможи полесна ресоцијализација на лицата на кои се однесуваат пробациските мерки и нивна полесна реинтеграција во заедницата“, рече Дирк Јан Коп, амбасадор на Кралството Холандија.

    Проектот ќе трае до 31 септември 2021 и во првата фаза е опфатено подрачјето што го покрива Апелацискиот суд во Штип.

    „Напоредно со овој проект, покренати се иницијативи за исти вакви проекти и за останатите апелациони подрачја. Мора да биде покриена целата држава затоа што алтернативните мерки во согласност со Законот за условна казна се на катастрофално ниво. Првиот проект наменет за Источна Македонија ќе послужи како модел за целата држава“, вели Катерина Митева, претседателката на „Зелена лупа“.

    Според неа, проектот нуди креирање на модел за успешно спроведување на Законот за пробација преку градење на меѓуинституционална мрежа во 18 општини на подрачјето на штипска апелација.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира