И ДИРЕКТОРОТ КОЈ ГО АСФАЛТИРАШЕ ПАРКОТ И  ДИРЕКТОРОТ НА „ЛАЈКА“ ПОДНЕСОА ОСТАВКИ, НЕМАЛЕ КОМУНИКАЦИЈА СО АРСОВСКА

    И ДИРЕКТОРОТ КОЈ ГО АСФАЛТИРАШЕ ПАРКОТ И  ДИРЕКТОРОТ НА „ЛАЈКА“ ПОДНЕСОА ОСТАВКИ, НЕМАЛЕ КОМУНИКАЦИЈА СО АРСОВСКАНиту еден градоначалник претходно не ги асфалтирал земјените патеки бидејќи станува збор за природна околина, асфалтот брзо се загрева и создава поголема топлина и е материјал кој се избегнува за поплочување на парковски површини. (Фото: СДК.МК)

    Директорот на ЈП „Улици и патишта“ Борис Настов поднесе оставка од функцијата. Тој вели дека немал комуникација со скопската градоначалничка Данела Арсовска.

    „Ве известувам дека давам неотповиклива оставка на местото в.д. директор на ЈП Улици и патишта. Оваа моја одлука ја донесов како резултат на неадекватната комуникација со Градоначалничката на Градот Скопје, како основач на Претпријатието, како и немањето на разбирање при реализација на клучните проекти од интерес на Градот, а за кои јавното претпријатие имаше можност и потенцијал”, вели Настов.

    Кога на крајот на јули Град Скопје почна со асфалтирање на земјените патеки во Градски парк, Настов на нашето прашање зошто се одлучиле со асфалт да ги покријат децениски старите патеки ни рече одговор да бараме од Град Скопје.

    „Ние работиме исклучиво по налог на Град Скопје и тие што одредиле да се врши ваква активност треба да одговорат“, ни изјави тогаш Настов.

    Оставка денеска си поднесе и директорот на „Лајка“ Воислав Димитровски, бидејќи, како што вели, во изминативе девет месеци немал никаква соработка со Арсовска, ниту финансиска помош од Градот.

    Пред два дена, оставки поднесоа директорите на Градски паркинг и Дрисла Бојан Христовски и Јане Мицевски. Оставките следуваа откако беше разрешен директорот на Водовод и канализација Златко Перински и оттогаш почна кавгата меѓу Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира