И ОД ТРЕТ ОБИД НЕ ПОЧНА СУДЕЊЕТО НА БИВШИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИК И ПРЕТСЕДАВАЧ НА СОВЕТОТ НА ВЕЛЕС

    И ОД ТРЕТ ОБИД НЕ ПОЧНА СУДЕЊЕТО НА БИВШИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИК И ПРЕТСЕДАВАЧ НА СОВЕТОТ НА ВЕЛЕСПо вторпат отсутен беше Александар Колев, кој се наоѓал службено во Белград (Фото: СДК.МК)

    Ниту во трет обид, во Основниот суд во Велес не започна судскиот процес против ексградоначалникот Славчо Чадиев и тогашниот претседавач на Советот Александар Колев. Вторпат беше отсутен Колев, кој според доставената документација од неговиот бранител Коста Нојков, со одлука на УОП на ЈЗУ УК Државна кардиохирургија, се наоѓал службено во Белград. Таму ќе престојувал еден месец. Адвокатот Нојков ја достави и медицинската документација како оправдување за отсуството на Колев од рочиштето на 30 септември. На двете рочишта Чадиев беше присутен.

    Судијата Шефшет Адеми го закажа почетокот на судењето за средина на ноември. Чадиев и Колев се обвинети за злоупотреба на службената должност.

    Според обвинението, Чадиев усно му дозволил на Колев во периодот од 23 февруари 2014 до 9 август 2016 во повеќе наврати да користи две службени возила за приватни потреби. Без да поднесе писмено барање, Колев сам управувал со возилата и во повеќе наврати купил гориво за 170.598 денари, кои потоа биле исплатени со пари од Општината.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира