ИСЧИСТЕНА ДЕПОНИЈА СО 700 ГУМИ ОД ПРИВАТЕН ИМОТ ВО СКОПСКО КРЊЕВО

    ИСЧИСТЕНА ДЕПОНИЈА СО 700 ГУМИ ОД ПРИВАТЕН ИМОТ ВО СКОПСКО КРЊЕВООд Град Скопје велат дека во наредниот период заедно со Општините ќе имаат координирани акции за чистење депонии и сметилишта на приватен имот. (Фото: Град Скопје)

    Во заедничка акција на инпекторите на Град Скопје и Општина Центар исчистена е депонија со 700 гуми од приватен имот во населбата Крњево. Старите и оштетени гуми кои се потенцијален извор на загадување so палење се исчистени со механизација ангажирана од Градот, а трошокot ќе треба да го плати сопственикот на имотот.

    Од Град Скопје велат дека во наредниот период заедно со Општините ќе имаат координирани акции за чистење депонии и сметилишта на приватен имот.

    „Акцијата опфаќа евидентирање, пронаоѓање на сопствениците на имотот, задолжување со записник и решение за чистење на имотот во даден временски рок. Доколку субјектите не постапат по решенијата, имотот ќе го исчистат јавните комунални претпријатија на трошок на сопственикот“, велат од Град Скопје.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира