ИСЧИСТЕНИ ЧЕТИРИ ДИВИ ДЕПОНИИ ВО ВЕЛЕШКО СОЗДАДЕНИ ОД ГРАЃАНИТЕ

    ИСЧИСТЕНИ ЧЕТИРИ ДИВИ ДЕПОНИИ ВО ВЕЛЕШКО СОЗДАДЕНИ ОД ГРАЃАНИТЕОпштина Велес ги повикува граѓаните совесно да постапуваат со отпадот, во спротивно ќе започне да применува казнени мерки согласно Законот (Фото: СДК.МК)

    Изминатиот викенд се исчистени четири диви депонии во Велес и околината. Велешките комуналци од ЈКП „Дервен“ ги исчистија зелениот појас околу Топилница, населено место Оризари во непосредна близина на новите гробишта, рекреативниот центар „Езеро Младост“, како и „Дервенски поток“ во непосредна близина на Градскиот пазар.

    Од Општина Велес апелираат до сите граѓани да постапуваат во рамките на Законот за управување со отпад и да се воздржат од оставање, палење и неконтролирано отстранување отпад.

    (Фото: СДК.МК)

    „ЈКП ‘Дервен‘ во рамките на своите редовни активности секојдневно се соочува со минидепонии од шут, габаритен отпад и расфрлан комунален отпад покрај контејнерите, кои ги создаваат несовесни граѓани. Согласно утврдените активности од Програмата за управување со отпад за 2018 година, Општина Велес спроведе активности за чистење на дивите депонии на неколку локации. Само со заедничка грижа за животната средина можеме да го направиме Велес почисто и поубаво место за живеење“, информираа од локалната власт.

    Останува да се исчисти градежниот шут, фрлен кај вливот на Тополка во Вардар.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира