ИСЕЧЕН ДРВОРЕД ОД 14 МЛАДИ САДНИЦИ ВО ПОЛИЦИСКИ ЧАС, НА 100 МЕТРИ ОД СТАНИЦАТА НА СВР ВЕЛЕС

    ИСЕЧЕН ДРВОРЕД ОД 14 МЛАДИ САДНИЦИ ВО ПОЛИЦИСКИ ЧАС, НА 100 МЕТРИ ОД СТАНИЦАТА НА СВР ВЕЛЕСДрвјата беа засадени минатата пролет покрај оградата на силосите на Маслодајна. (Фото: СДК.МК)

    За време на полициски час, исечени се 14 млади садници од дрворед на улицата АСНОМ во Велес, а сторителот е засега непознат. На стотина метри од местото е и полициската станица на СВР Велес. Дрвјата кои беа засадени минатата пролет покрај оградата на силосите на Маслодајна некој ги исекол, а при тоа не оставил никакава трага. Ги собрал исечените делови од садниците, кои биле во одлична вегетациска состојба.

    „Инцидентот се случил ноќта помеѓу 29 и 30 март. Садниците се исечени со пила. Извршен е увид од страна на општинскиот комунален инспектор, а сторителот не е пронајден. Сечењето дрвја е злосторство и кон природата и кон нас граѓаните. Сечењето на садниците е сторено со намера“,  кажа на прес-конференција градоначалникот Аце Коцевски.

    Соседите кои живеат во близина не виделе ниту слушнале нешто.

    Градоначалникот Коцевски кажа дека во пролетниот период во градот се засадени 260 високи повеќегодишни листопадни дрвја на повеќе локации: Еко камп на Езеро Младост, Градскиот парк, паркот пред Гимназијата, паркот пред општинската зграда.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира