Во строгиот центар на Охрид, синоќа се исечени автоматите за влез во јавните тоалети.
„Не престанува континуираното оштетување на јавните тоалети во централното градско подрачје. Овојпат насилно се исечени автоматите за влез во јавните тоалети поставени кај малиот плоштад кај трговскиот центар „Амам”. И овој случај на уништување на јавните добра е пријавен во полиција и се` додека не се санира штетата, тоалетите ќе бидат надвор од употреба”, соопштија од јавното претпријатие.
На сличен начин автоматите беа оштетени и во средина на септември.
Д. ЧУБРИЌ