ИСЕЧЕНИ ДРВЈАТА КАЈ ВЕТЕРИНАРНОТО ВО БИТОЛА ЗАРАДИ ИЗГРАДБАТА НА КРУЖЕН ТЕК

    ИСЕЧЕНИ ДРВЈАТА КАЈ ВЕТЕРИНАРНОТО ВО БИТОЛА ЗАРАДИ ИЗГРАДБАТА НА КРУЖЕН ТЕКОколните жители пред шест години успеаја да ја спречат сечата (Фото: СДК.МК)

    Исечени се повеќегодишните дрвја кај поранешната Ветеринарна станица во Битола, на местото каде што ќе се гради новиот кружен тек со споменикот на Александар Турунџев. Кружниот тек ќе биде на крстосницата на улиците Прилепска и Баталјон Стив Наумов.

    Сличен проект пред шест години планираше да реализира тогашниот градоначалник Владимир Талески, но се откажа по противењето на околните жители да се сечат дрвјата. При денешната сеча, жителите кои ги затекнавме пред зградите не сакаа да зборуваат со новинарите.

    Од Општина Битола соопштија дека заради непречено спроведување на градежните работи, на просторот каде ќе биде изграден новиот кружен тек, неопходно беше отстранување на постоечките дрвја, поради што ЈП Комуналец годинава засади 867 нови садници на повеќе локации низ градот, а во 2022 исто така засади 452 декоративни и 10 листопадни дрвја. Од Општината велат дека со кружниот тек ќе се растовари сообраќајот, ќе се зголеми безбедноста и ќе се намали аерозагадувањето.

    Општина Битола неодамна преку писмено соопштение извести дека е подготвена за реализацијата на голем инфраструктурен проект. За него се предвидени 11.790.640 денари (193.289 евра), во што се вклучени канализациона мрежа, коловоз и улично осветлување. По завршувањето на овој проект ќе се промени и режимот на сообраќајот во овој дел на градот.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира