ИСКРШЕНИ КЛУПИТЕ, ЗНАЦИТЕ И КУЌАРКИТЕ ВО ПАРК ШУМАТА ГАЗИ БАБА, РЕНОВИРАНИ ПРЕД 5 ДЕНА

    ИСКРШЕНИ КЛУПИТЕ, ЗНАЦИТЕ И КУЌАРКИТЕ ВО ПАРК ШУМАТА ГАЗИ БАБА, РЕНОВИРАНИ ПРЕД 5 ДЕНА„Кому му е толку мерак да уништи нешто што е поставено и за него? Наместо да се одржува и чува она што веќе го имаме, сè повеќе се уништува“, напиша на Фејсбук градоначалникот на Гази Баба Борче Георгиевски.(Фото: Фејсбук)

    Клупи, знаци и дрвени куќарки се уништени во парк шумата Гази Баба. Градоначалникот на Општина Гази Баба Борис Георгиевски денеска на својот Фејсбук профил објави фотографии од уништената урбана опрема, која минатиот викенд се реновираше.

    „Жалосно е што се почесто сме сведоци на дивјаштвото врз реквизитите и урбаната опрема која претходно била поставена на местата каде граѓаните најчесто рекреираат. Изминатиот викенд спроведовме заедничка акција за чистење на Парк шумата Гази Баба, а започна и обновата на урбаната опрема и реквизитите, но за жал само за неколку дена се уништени. Се прашувам, до кога ли? Кому му е толку мерак да уништи нешто што е поставено и за него? Наместо да се одржува и чува она што веќе го имаме, сè повеќе се уништува“, напиша на Фејсбук профилот Георгиевски.

    Минатиот викенд Општина Газа Баба заедно со Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ организираше акција за чистење на парк шумата и реновирање на урбаната опрема.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари