ИСПЛАТЕНИ ЛОЗАРИТЕ КОИ ПРОТЕСТИРАА ПРЕД „ПОВАРДАРИЕ“

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Неготино,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ИСПЛАТЕНИ ЛОЗАРИТЕ КОИ ПРОТЕСТИРАА ПРЕД „ПОВАРДАРИЕ“

    Прекинат е мирниот протест кој изминатите неколку дена го организираа околу 25 лозари пред винарската визба „Повардарие“ од Неготино, откако им биле исплатени околу триесет илјади евра за грозјето предадено во винаријата во 2014 и 2015 година, потврдија лозари од иницијативниот одбор на протестот.

    Според нивните информации, за грозјето продадено во тие две години, остануваат неисплатени уште околу осумстотини илјади евра.
    Дел од лозарите коментираат дека морале да извршат притисок за да дојдат до пари за откупеното грозје. Тие нагласуваат дека со години наназад најголем дел од лозаропроизводителите многу тешко го наплатуваат своето производство. Се случува некои од нив да мораат да докажуваат дека им требаат пари за свадба, операција или погреб, за да си ги наплатат своите побарувања.

    Се обидовме да добиеме информација и од директорот на винарската визба, но беше недостапен на телефон. Немаше одговор ниту на нашата смс порака.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира