Денеска по 12 часот избувна пожар на источната страна на тврдината Исар во Штип, веднаш до првите куќи. Најпрвин гореше сува трева, но пожарот зафати и грмушки, но и дрвја во близина на куќите. Станарите први почнаа да го гасат огинот со вода, но пламенот носен од ветрот почна да се шири кон врвот на Исарот, но и кон останатите куќи кои гравитиораат кон Штипско Ново Село.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов рече дека еден авион „ер трактор“ е упатен на интервеција во Штип.
Од Противпожарната единица велат дека се пратени првите екипи за рачно гасење на пожарот заради непристапниот терен за теренскио возила. Во гасењето се вклучија и станарите од најблиските куќи кои и се најмногу загрозени. Не се познати причините за пожарот.
Т. ЈОВАНОВСКИ



