ИЗГОРЕ ЛОВЕЧКАТА КУЌА НА ПЕЛИСТЕР

    ИЗГОРЕ ЛОВЕЧКАТА КУЌА НА ПЕЛИСТЕРЛовечката куќа беше изградена пред повеќе од половина век на надморска височина од 1.950 метри на главниот пат за врвот Антена. (Фото: Фејсбук)

    Изгоре Ловечката куќа во Националниот парк Пелистер, која со години беше сврталиште на планинари кои се искачуваа на врвот Антена. Засега не се познати причините за пожарот. Група планинари кои денес се искачуваа на планина велат објектот има големи оштетувања од огнот.

    Ова е втор планинарски дом кој гори на Пелистер, по „Копанки“ што изгоре пред осум години и уште не е обновен.

    Ловечката куќа беше изградена пред повеќе од половина век на надморска височина од 1.950 метри на главниот пат за врвот Антена. Беше изградена за да во неа да престојуваат вработените на пат кон пунктот на Македонската радиодифузија. Но, со години се користеше и од други посетители на планината, а според непотврдени информации, последните години беше дадена под концерсија.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира