ИЗЛЕКУВАНИ СЕ ДВАЈЦА БОЛНИ ОД КОВИД-19 ОД ВЕЛЕС И ПУШТЕНИ СЕ ДОМА

    ИЗЛЕКУВАНИ СЕ ДВАЈЦА БОЛНИ ОД КОВИД-19 ОД ВЕЛЕС И ПУШТЕНИ СЕ ДОМАВо Велес има заболени и две деца чии брисеви беа позитивни, соопшти велешката Општа болница. (Фото: СДК.МК)

    Во Велес изминатите денови се излекувани две лица со КОВИД-19. Тие се веќе дома, со што излекувани во градот има четворица.

    „Откако покажа две последователни негативни теста на КОВИД-19, две лица се пуштени дома, како излекувани. Тоа се лица од првозаболените. Продолжениот празничен викенд, две лица од новозаболените поради здравствени проблеми беа пренесени на Инфективна клиника во Скопје. Во Велес на листата на заболени има и две деца, чии брисеви беа позитивни“, соопшти д-р Весна Николовска-Неделкова, портпарол на Општа болница Велес.

    Таму заклучно со вчера, се хоспитализирани 19 лица, од нив за две се непотврдени и се чекаат резултатите. Вкупно дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во Велес има 59, од нив 52 активни и тројца досега починати.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира