ИЗМЕШАНИТЕ ИНГЕРЕНЦИИ ЈА КОЧАТ РЕСТАВРАЦИЈАТА НА ЦРКВИТЕ

    ИЗМЕШАНИТЕ ИНГЕРЕНЦИИ ЈА КОЧАТ РЕСТАВРАЦИЈАТА НА ЦРКВИТЕПоради бирократски пречки не може да се конзервира ни една црква во области каде нема урбанистички планови. - Фрески во срцквата „Свети Петар“ на островот Голем Град (Фото: СДК.МК)

    Доцнат конзерваторските и реставраторските зафати на значајни културно-историски споменици во земјава поради бирократски пречки. Имено, минатата година со законски измени дошло до преклопување на ингерециите на институциите од културата кои работата на заштита на спомениците и на Министерството за транспорт и врски.

    Експерти од областа на заштитата на културното наследство за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека иако се изработени прокети за конзервација и реставрација на значајни цркви во рурални средини, се чека на одобрение и од Министерството за транспорт и врски. Постапката за тоа се одвива отежнато зашто за дел од објектите се наоѓаат на локации каде нема урбанистички планови.

    „Формирани се институции за заштита на културното наследство, па нејасно е зошто на крај да одлучува министертво што би се рекло за општо градежништво. Мора да има законски имени за да можат работите да се вратат во колосек. Вака испаѓа дека институците од културата на крај немаат ингеренции врз дел од заштитата“, велат експерти.

    Тие додаваат дека поради ваквите пречки не можат да конзервираат ни една црква во области каде нема урбанистички планови. За пример ја посочуваат црквата „Св. Петар“ на островот Голем Град на Преспанско Езеро каде има значајна фреска и потребна е конзервација и рестварација. Во услови кога тоа не може да се спроведе, за заштита ќе биде поставена настрешница.

    Веќе две години се чека да започне и реставрацијата и конзервацијата на црквата „Св. Ѓорги“ во село Курбиново, македонскиот црковен бисер од 12 век надалеку познат по фреската на Ангелот на благовештанието Гаврил. Објектот има оштетувања на градбата и на ѕидното фрескосликарство. Од битолскиот Завод и музеј велат дека се спремни да излезат на терен и да започнат со работа, но чекаат конзерватоски одобренија од надлежните.

    „Се сконцентриравме на Курбиново, по добивањето на конзерваторското одобрение веднаш ќе се започне со непосредна заштита на конзервација и реставрација на фрескоживописот. Додека делот на архитектурата и градежно- конструктивното зајакнуивање ќе биде кога ќе се добие конзерваторско одобрение за прокетот за архитектурата и статиката“, рече Зоран Алтипармаков, директор на битолскиот Завод и музеј.  (Ж.З.)

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира