ЈСП „СКОПЈЕ“ ВОВЕДУВА ДНЕВЕН БИЛЕТ, ЌЕ ЧИНИ 120 ДЕНАРИ ЗА ЦЕЛ ДЕН ВОЗЕЊЕ

    ЈСП „СКОПЈЕ“ ВОВЕДУВА ДНЕВЕН БИЛЕТ, ЌЕ ЧИНИ 120 ДЕНАРИ ЗА ЦЕЛ ДЕН ВОЗЕЊЕДневниот билет ќе биде пуштен кон крајот на овој месец. (Фото: СДК.МК)

    ЈСП „Скопје“ воведува дневен билет за возење во автобусите од јавниот превоз. Билетот ќе чини 120 денари и со него ќе може да се вози цел ден.

    „Овој билет ќе биде пуштен кон крајот на овој месец. Ќе биде хартиен како билетот за едно возење. Го воведуваме како опција за граѓаните кои користат повеќе автобуси во текот на денот, а ќе биде од голема корист и за туристите“, велат од ЈСП „Скопје“.

    Од пред една недела, јавното претпријатие ги врати ноќните линии кои беа укинати поради пандемијата на ковид-19. Автобуси после 23 часот има на линиите 2, 5, 7, 22, 24, 41, 50, 57, 61, 63 и 65Б. Автобуските линии 2, 22, 24, 41, 57 и 65Б сообраќаат секој ден, а преостанатите се во функција во деновите од викендот или комбинирано, како и за време на празниците.

    ЈСП „Скопје“ до крајот на март ќе го врати и бесплатниот автобуски превоз за пензионерите во вторник, петок, сабота и недела. За реализирање на оваа мерка доби 650.000 евра субвенции од Град Скопје.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира