ЈУГОХРОМ ГИ ГАСИ ПЕЧКИТЕ, 800 РАБОТНИЦИ НА ОДМОР, ВЛАДАТА ЌЕ РЕШАВА ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ ЗА ФИЛТРИТЕ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЈУГОХРОМ ГИ ГАСИ ПЕЧКИТЕ, 800 РАБОТНИЦИ НА ОДМОР, ВЛАДАТА ЌЕ РЕШАВА ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ ЗА ФИЛТРИТЕ

    Од синоќа на полноќ започна процедурата за гаснење на сите печките за топење феросилициум во металуршкиот комбинат „Југохром“ од Јегуновце. Процесот на гаснење ќе трае 24 часа и се очекува ноќеска на полноќ тие целосно да престанат со работа.

    „Ја испочитувавме одлуката на Државниот инспекторат за животна средина. Иако ние имавме рок од 24 месеци за поставување на филтрите, изгубивме година и пол во добивање градежни дозволи и затоа не можевме работата да ја завршиме на време. Дадовме и барање до Владата за уште едно пролонгирање на рокот за поставување на филтрите од 18 месеци, но се уште немаме одговор. Со гаснењето на печките и работниците ќе бидат пуштени дома“ изјави техничкиот директор на „Југохром“ Славко Стојчевски.

    Понатамошната судбина на околу 800 работници на „Југохром“  останува крајно неизвесна. Неофицијално, еден месец работниците ќе бидат на платен одмор. Владата, пак, треба да реши на седница дали ќе го пролонгира рокот за поставување на филтрите.

    Поради тоа што фабриката неколку пати беше затварана и повторно пуштана во употреба, голем дел од работниците ги искористиле бенифициите од бирото за вработување и може да останат без никакви примања.

    „Југохром“ во 2014 година доби двегодишен период во кој требаше да постави филтри за отпрашување на гасовите што произлегуваат од процесот на топењето на рудата. Тогаш проблеми се јавија при подготвувањето на техничката документација за филтрите но, според раководството на фабриката, најмногу време се изгубило околу добивањето на градежните дозволи од надлежните министерства.  Според Законот за Заштита на животната средина бидејќи спаѓа во редот на големите еколошки загадувачи „Југохром“ мора да поседува „А“ еколошка дозвола за работање што значи поставување на соодветни филтри и друга опрема за прочистување на воздухот од отпадните материи.

    Во изминативе неколку години „Југохром“ беше обвинуван од страна на еколошките организациии дека е еден од најголемите загадувачи во полошкиот регион. Наспроти ова од фабриката велеа дека и кога „Југохром“ не работеше во првите два месеци од оваа година, загадувањето на воздухот во Тетово и понатаму било високо, што значи дека фабриката не е главниот загадувач.

    М. И. ПАЧЕМСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира