КАНАЛИЗАЦИЈАТА ОД БЕЛЧИШТА СЕ ВЛЕВА ВО ОХРИДСКО ЕЗЕРО И ГО ЗАГАДУВА

    КАНАЛИЗАЦИЈАТА ОД БЕЛЧИШТА СЕ ВЛЕВА ВО ОХРИДСКО ЕЗЕРО И ГО ЗАГАДУВАПодолго време пречистителната станица не е функционална, а фекалните води од преполнетата канализационата шахта, на стотина метри пред пречистителната станица, директно се испумпуваат во водотекот, кој поминува низ селото и се влева во Матицата Сини Вирој, оттаму преку реката Сатеска во Охридското Езеро, а пооследно вакво испумпување е извршено пред неколку дена, алармираат граѓаните на Белчишта (Фото: СДК.МК)

    Канализацијата од Општина Белчишта, административен центар на Дебарца кај Охрид,  се влева во Охридското Езеро и го загадува. Пречистителната станица не е функционална, а од канализационата шахта нечистотиите се испумпуваат во водотекот кој минува низ селото.

    „Во селото Белчишта, административниот центар на Општината, канализационата мрежа и пречистителната станица се изградени во 2005 година. Подолго време пречистителната станица не е функционална, а фекалните води од преполнетата канализационата шахта, на стотина метри пред пречистителната станица, директно се испумпуваат во водотекот, кој поминува низ селото и се влева во Матицата Сини Вирој, а оттаму преку реката Сатеска во Охридското Езеро. Последно вакво испумпување е извршено пред неколку дена”, алармираат граѓаните на Белчишта.

    Белчиштани од градоначалникот Игор Трајковски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ јавно бараат одговор за тоа кој дозволи да се создаде еколошка бомба, и го потсетуваат дека како инженер биотехнолог на градоначалничката функција дојде од должноста државен инспектор за животна средина во Охрид (Фото: СДК.МК)

    Белчиштани од градоначалникот Игор Трајковски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ јавно бараат одговор за тоа кој дозволи да се создаде  еколошка бомба,  и го потсетуваат дека како инженер биотехнолог на градоначалничката функција дојде од должноста државен инспектор за животна средина во Охрид.

    „Зошто отпадните води не се третираат преку пречистителната станица и зошто истата не е во функција? Дали се свесни дека ваквото недозволиво постапување претставува еколошка бомба во срцето на Дебрца, кое предизвикува штетни последици по здравјето и имотот на локалните жители и деградација на поширокатаживотна и природна средина? Како е можно од една страна да го промовирате Белчишкото Блато и  Еко музеј со убавините на Блатото, а од друга страна фекалните води да ги испуштате во блатото!?“, велат жителите од Белчишта.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира