КАРТИЧКИ ЗА ПАРКИРАЊЕ НА „ПАРКИНЗИ ЦЕНТАР“ ЌЕ СЕ ИЗДАВААТ ЕЛЕКТРОНСКИ

    КАРТИЧКИ ЗА ПАРКИРАЊЕ НА „ПАРКИНЗИ ЦЕНТАР“ ЌЕ СЕ ИЗДАВААТ ЕЛЕКТРОНСКИСега граѓаните нема да имаат потреба да одат во просториите на претпријатието, туку преку регистрацијата на веб платформата ќе имаат пристап до сите услуги. - Директорот на „Паркинзи Општина Центар“ Васко Кичевски и градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ (Фото: ПОЦ)

    Граѓани од денеска електронски ќе можат да вадат картички за паркирање во општина Центар. ЈП „Паркинзи Општина Центар“ ја промовираше веб платформа со која сите услуги на претпријатието стануваат достапни и по електронски пат.

    Сега граѓаните нема да имаат потреба да одат во просториите на претпријатието, туку преку регистрацијата на веб платформата ќе имаат пристап до сите услуги. По електронски пат ќе можат да се склучуваат и продолжуваат договори за резиденти и нерезиденти, да се врши електронска наплата за истите и да изберат како опција договорот или картичката, во промотивниот период бесплатно да им бидат испорачани на домашна адреса. Регистрираните корисници ќе добиваат смс и и-меил нотификации како потсетник за истекување на корисничкиот договор, 30, 15 и 1 ден пред истекот на договорот.

    „ЈП ’Паркинзи на Општина Центар‘ е првото јавно претпријатие во земјата кое целосно се дигитализира. Граѓаните нема повеќе да мораат да доаѓаат во просториите на претпријатието бидејќи сите услуги ќе им бидат достапни со само еден клик, од било кој уред, на било кое место и во секое време. Дополнително, на новата веб платформа преку чат, граѓаните ќе можат да бидат во постојана, 24-часовна, комуникација со наш вработен и во секое време да ги адресираат своите прашања, жалби, барања“, рече директорот на ЈП „Паркинзи Општина Центар“ Васко Кичевски.

    Новата веб страница поседува вградена заштита од неавторизиран пристап кон податоците од посебен интерес, што значи, ги задоволува највисоките стандарди за заштита на податоците на корисниците.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари