КАВАДАРЧАНИ НЕМААТ МИР ОД КУЧИЊА СКИТНИЦИ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:51:"Кавадарци,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    КАВАДАРЧАНИ НЕМААТ МИР ОД КУЧИЊА СКИТНИЦИ

    Кавадарчани се жалат дека немаат мир од кучињата скитници кои слободно се шетаат низ Кавадарци и сеат страв и дење и ноќе. Поради опасноста да не бидат каснати од куче скитник, дедовци и баби секој ден си ги  испраќаат внуците до училиште иако некои од нив не се мали деца. Велат дека се принудени на такво нешто зашто има глутници кучиња скитници, насекаде и во секое време.

    Проблемот е во неприфаќањето на опцијата стерилизација и кастрација и се напуштаат кучињата масовно, велат од неформалната организација за помош и вдомување на улични животни, „Срце за животните” од Кавадарци.

    „Решението е во стерилизација и кастрација на домашните миленици прво, а после на уличните и казнување на неодговорните сопственици за напуштање на миленик, што е предвидено со закон и постојат пропишани казни. Општината треба да има стационар и да функционира по програмата ‘залови-стерилизирај-врати’. Коренот на проблемот е во сопствениците на миленици и неодговорно чување. Ве молам повеќе да пишувате на темата стерилизација како единствено хумано решение бидејки кучињата се размножуваат непречено. А граѓаните не прифаќаат стерилизација како опција иако многу пати до сега сме понудиле голем попуст за тој зафат. Полесно е да се исфрли леглото на улица. Истото важи и за сите што имаат миленик, да го стерилизираат или кастрираат бидејки кутии со кученца се оставаат пред училишта, фабрики и маркети, а тоа не е од уличните кучиња“, вели Виолета Николова од оваа организација, која со години се бави со помош и вдомување на кучиња од улица.

    Се заловуваат кучиња скитници од една општина и се пуштаат во друга, се со цел да се реши проблемот како во онаа народната, „грижо моја премини кај друг”, вели кавадаречкиот градоначалник Александар Панов.

    „Има  одредени појави на фаќање на кучиња од една општина и пуштање на истите во атарот на друга,  така што мислам дека тоа е еден некоректен однос на некои мои колеги или на некои луѓе кои што работат во тие општини,  тие да си го решат проблемот од својот двор, а да го фрлат во дворот на други општини.  Такво нешто според моите сознанија имало во Демир Капија, значи туѓи комбиња растовараат кучиња скитници нели за да не ги убијат и така натаму, а сигурен сум дека и во општина Кавадарци се има тоа случено. Точно не знам од кои општини се прави ова. Меѓутоа, факт е дека почнуваме веќе да се сретнуваме со ваков феномен а и веќе почнуваме да плаќаме казни за каснување од куче скитник и така натаму, па ако тоа продолжи така, финансиски ќе се одрази на локалната самоуправа“, нагласи Панов.

    Кавадаречкиот градоначалник рече дека преку ребалансот на општинскиот буџет се издвоени екстра пари за решавање на овој проблем. Тој нагласи дека решавањето на проблемот мора да опфаќа хуман третман кон кучињата

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира