КАВАДАРЧАНИ СО ПРОТЕСТ ЌЕ ГО БРАНАТ ПАРКОТ ОД УРБАНИСТИЧКАТА МАФИЈА

    КАВАДАРЧАНИ СО ПРОТЕСТ ЌЕ ГО БРАНАТ ПАРКОТ ОД УРБАНИСТИЧКАТА МАФИЈАСпоред ДУП од 2013 на работ на Градскиот парк во Кавадарци се предвидени згради и трговски центар, а градоначалниот Митко Јанчев ветува дека со новиот план паркот од околу десет хектари ќе биде заштитена зона (Фото: СДК.МК)

    Граѓански собир против урбанистичката мафија и за подигање на екосвеста е закажан за утре во 17 часот во Кавадарци, а организатор е Иницијативата за спас на Градскиот парк. Собирот ќе се одржи пред општинската зграда на плоштадот и ќе продолжи кон Градскиот парк, пред просторот што се претвори во градежна зона.

    Активистите бараат градоначалникот Митко Јанчев да го смени Деталниот урбанистички план (ДУП), според кој еден од најстарите паркови во земјава ќе биде нападнат од десетина блокови згради и трговски центар што треба да се изградат околу тој простор.

    „Нашата иницијатива наиде на разбирање кај новиот градоначалник кој ја наследи оваа ситуација и проблемите во паркот. Вчера разговаравме со него и бевме заеднички во увид на лице место. Се договоривме утре пред да одиме во паркот, во големата сала во Општината да ни бидат презентирани Генералниот план донесен 2003 и Деталниот донесен 2013 година“, велат од Иницијативата за спас на паркот.

    С. ДАРУДОВА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира