КАВАДАРЕЧКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ ЌЕ ОДАТ СО НЕЗАВИСНА ЛИСТА НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ

    КАВАДАРЕЧКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ ЌЕ ОДАТ СО НЕЗАВИСНА ЛИСТА НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИАтанас Златев, еден од ретките преживеани борци од НОБ и еден од најстарите жители на Тиквешијата, лани на изборите на 11 декември гласаше во Кавадарци (Фото: СДК.МК)

    За прв пат од постоењето на Здружението на пензионерите од Кавадарци во самостојна Македонија, на претстојните локални избори ќе кандидираат сопствена советничка листа заради избор на свој претставник за независен член во општинскиот Совет.

    Здружението, кое брои над 7 илјади членови, оваа одлука ја донесе на последната седница на своето собрание.

    „Сакаме наш човек да влезе во Советот, кој ќе ги застапува интересите на пензионерите од Кавадарци и Росоман“, вели претседателот на Управниот одбор на Здружението на пензионери Ристо Анѓушев (Фото: СДК.МК)

    „Сакаме наш човек да влезе во  Советот, кој ќе ги застапува интересите на пензионерите од Кавадарци и Росоман. На седницата донесовме и одлука и формиравме комисија од три члена за да ги испитаат можностите како да излеземе на избори како група на граѓани пензионери“, вели претседателот на Управниот одбор Ристо Анѓушев.

    Еден од приоритетите на задружението е изградбата на одморалиште за пензионери во кавадаречкото село Чемерско.

    Проектот е готов, се чека формирање на Владата за да може да се откупи државно земјиште и да се стартува со градбата на објектот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира