КАЗНИ ЗА ОПШТИНА КУМАНОВО ЗА НЕПРАВИЛНО ЗАКОПУВАЊЕ МРТВИ КРАВИ ОД ЈАЗЛЕСТА КОЖА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Куманово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    КАЗНИ ЗА ОПШТИНА КУМАНОВО ЗА НЕПРАВИЛНО ЗАКОПУВАЊЕ МРТВИ КРАВИ ОД ЈАЗЛЕСТА КОЖА

    Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ќе ја казни општината Куманово поради закопување на угинати животни од јазлеста кожа на непрописно место. Општината ќе мора да плати глоба од 3 до 5 илјади евра, а одговорното лице 3.000 евра, затоа што не одредило локација за нештетно отстранување на угинатите животни.
    Реакцијата на Агенцијата уследи по објавувањето на текстот на САКАМДАКАЖАМ.МК, дека минатата недела во атарот на кумановското село Клечовце, ветеринарни инспектори по сопствена проценка одредиле локација и закопале 30-тина угинати животни. Јамата се наоѓала на траса за изградба на железничката пруга Куманово-Бељаковце, од каде се ширела неподнослива миризба, на што реагирало месното население, па било организирано откопување на мршите.
    „По Законот за нуспроизводи од животинско потекло, поради оставање, фрлање и неконтролирано отстранување на нуспроизводи од животинско потекло и нивните деривати, Агенцијата за храна и ветеринарство на Општина Куманово ќе и изрече глоба во износ од 3 до 5 илјади евра во денарска противвредност, а глоба во износ од илјада до 3 илјади евра во денарска противвредност, ќе му биде изречена и на одговорното лице во правното лице за сторен прекршок“, наведуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство.
    Од Општината Куманово тврдат дека тие не ја одредиле локацијата и дека ги известиле сите надлежни институции да се најде решение за проблемот. Од таму велат дека тие немаат депонија за умрени животни и затоа побарале локацијата да ја одреди Министерството за животна средина.
    „Ниту Агенцијата, ниту официјалниот ветеринар,  не ја одредуваат, ниту ја одобруваат локацијата за закопување на угинатите животни“, одговараат од Агенцијата за храна и ветеринарство.
    „Согласно Законот за нуспроизводи од животинско потекло, одредувањето на локацијата е законска обврска и во исклучива надлежност на општините, чија обврска е и организирањето на собирањето и нештетното отстранување на животински мрши и нуспроизводи од животинско потекло од нивното подрачје. Во конкретниот случај, локацијата за закопување на угинатите животни ја одредило одговорно лице од Општина Куманово, а не како што неосновано се тврди, инспектори од Агенцијата и тоа по сопствена проценка“, велат од Агенцијата.
    Oд општина Куманово велат дека подолго време имаат финасиска блокада и работат со минимални сретства поради што неможат да ги исполнат препораките за асистенција на Агенцијата. Тие апелираат државата да ги преземе сите обврски околу уништување на болните говеда, а не да ги префрла на товар на општините кои и онака се наоѓаат во тешка финасиска состојба.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари