ЌЕ ПОБЕДАМ НА ИЗБОРИТЕ И ВО НАРЕДНИОТ МАНДАТ ЌЕ ЈА НАПРАВИМЕ ОПШТИНСКАТА ЗГРАДА, РЕЧЕ ГЕРАСИМОВСКИ

    ЌЕ ПОБЕДАМ НА ИЗБОРИТЕ И ВО НАРЕДНИОТ МАНДАТ ЌЕ ЈА НАПРАВИМЕ ОПШТИНСКАТА ЗГРАДА, РЕЧЕ ГЕРАСИМОВСКИСо проектот кој се изработува се планира на нивно место да има две згради и подземен паркинг на две или три нивоа.(Фото: Општина Центар)

    Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски верува дека ќе добие уште еден мандат и најавува дека догодина ќе стартува изградбата на новата општинската зграда. Сега општинарите работат во старите бараки, а со проектот кој се изработува се планира на нивно место да има две згради и подземен паркинг на две или три нивоа.

    Недозволиво е во Центар администрацијата да работи во вакви лоши услови како сега. Општината го доби земјиштето во владение, на конкурсот имаше одлични идејни решенија, а сега на ред е изготвување проект, со кој ќе се аплицира на јавните повици на Владата. Особено внимание ќе посветиме на зеленилото, кое се наоѓа во парцелата на општината. До крајот на мандатот сакам да го реализираме проектот, за да бидеме подготвени да аплицираме за подземно паркирање и да ги искористиме средствата. Следниот мој мандат почнуваме со реализирање на проектот”, рече Герасимовски.

    Според проектот новата општинска зграда нема да се биде повисока од околните згради односно ќе биде од четири до пет ката. Герасимовски рече дека има две опции за финансирање, преку јавно-приватно партнерство или Општината сама да ја гради.

    Јас сметам дека ние треба да ја изградиме, да земеме кредит, па потоа дел од просторот да изнајмување“, рече Герасимовски.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира