ЌЕ СЕ ГРАДАТ ВИКЕНД НАСЕЛБИ КАЈ СМОЛАРЕ И МОКРИНО ЗА ДА СЕ ЗАДРЖАТ ГОСТИТЕ НА ПОВЕЌЕ ДЕНОВИ

    ЌЕ СЕ ГРАДАТ ВИКЕНД НАСЕЛБИ КАЈ СМОЛАРЕ И МОКРИНО ЗА ДА СЕ ЗАДРЖАТ ГОСТИТЕ НА ПОВЕЌЕ ДЕНОВИСтанува збор за две парцели на кои треба да се изградат околу 36 викендици. (Фото: СДК.МК)

    Општина Ново Село урбанизира две парцели за изградба на викенд населби. Првата ќе биде кај населеното место Мокрино, додека втората кај Смоларе со што се очекува да се збогати понудата со сместувачки капацитети во подбеласичкиот регион.

    Станува збор за две парцели кои според градоначалникот Ѓорге Божинов на кои треба да се изградат околу 36 викендици.

    „Почнавме проекти за изработка на урбанистичко-плански документции за изградба на две викенд населби. Кај Мокрино е предвидено населба со околу 10 парцели за што граѓаните ќе може да аплциираат на јавно надавање со почетна цена од едно евро за метар квадратен. Додека другата населба е планирана на влезот во Смоларе каде се предвидени 24 парцели“, вели градоначалникот Божинов.

    Урбанистичките планови се очекуваат да бидат готови наредните денови додека парцелите на продажба ќе бидат понудени наесен. Божинов вели дека има интерес за купување оти последниве години сѐ поголем е притисокот од посетителите за останување и по неколку денови на Беласица за да уживаат на водопадите и останатите природни реткости, но недостасуваат сместувачки капацитети.

    Со реализацијата на овие викенд населби се очекува да се потикне и локалното население за адаптација и издавање на своите куќи за гости кои сакаат селски туризам. Божинов вели дека во подбеласичките села има многу станбени единици кои заради иселување не се користат, па може да бидат ставени на понудата како сместувачки капацитети.

    „Ќе ги охрабриме граѓаните кои имаат изградено куќи, а кои се на работа во странство да ги мотивираме да ги издаваат. Реално имаме голема посета. После ковид кризата голем број туристи доаѓаат на водопадите и факт е дека ни се потребни вакви сместувачки капацитети“, вели Божинов.

    Годишно водопадите и природните локалитети на планината Беласица во општина Ново Село ги посетуваат околу 50 илјади гости од земјава, но и од странство кои претежно остануваат на еден ден.

    В.ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира